Паско Кузман до Нимиц: Ако си го смениме името ќе бидеме никој!

3 февруари, 2018 | 12:07 часот | 25.211 прикажувања |

Паско Кузман е еден од најпрочуените македонски археолози. Тој е човекот кој го откопа и го стави на увид огромното археолошко богатство на Охрид и Македонија.

Во една изјава за порталот ОХРИД 24, Кузман се присеќа на неговата прва средба со посредникот во спорот кој Грција го има со нашето уставно име:

„Се сеќавам, на времето кога медијаторот Метју Нимиц беше во посета на Охрид заедно со тогашниот градоначалник Петрески, го прашав: вие сте Метју Нимиц? Да, ми одговори тој. Јас сум Паско Кузман, му се претставив. Најдобро е вие да си останете Метју Нимиц, а јас Паско Кузман, оти ако вие станете Паско Кузман, вие ќе бидете никој. Ако јас станам Метју Нимиц исто ќе бидам никој. Тоа се однесува и на името Македонија.“