15 мигранти на Граничниот премин Богородица

3 февруари, 2018 | 11:49 часот | 405 прикажувања |

На 02.02.2018 година во 22,45 часот во близина на с.Милетково-гевгелиско, од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица. Од страна на полициските службеници бил извршен преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти (од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани) кои биле приведени. За настанот бил известен Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.

Исто така на 02.02.2018 околу 11,40 часот од страна на полициски службеници од Граничниот премин Стар Дојран биле забележани непознати лица како излегуваат од приклучно возило и се упатуваат кон Р.Грција, при што истите биле приведени. Утврдено е дека се работи за две возрасни лица и три малолетни лица на возраст од 12, 14 и 16 години сите од Авганистан, како и едно полнолетно лице од Бангладеш. Според нивно кажување во возилото се качиле во Р.Турција. Извршен бил увид на местото на настанот, полициски службеници од Регионалниот центар-Југ- Гевгелија и од Привремениот транзитен центар Гевгелија извршиле разговор со мигрантите и со возачот. Мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар во Гевгелија и се  работи на целосно расчистување на случајот.