Fitch го подобри кредитниот рејтинг на Македонија

3 февруари, 2018 | 11:42 часот | 428 прикажувања |

Aгенцијата Fitch информираше дека го подобрила изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ. На подобрувањето на изгледот влијаела политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи.

Се наведува и напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори.

Според Fitch, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.