Актерот Рубенс Муратовски: Има ли посрамно од тоа сам себе да се укинеш?

3 февруари, 2018 | 0:23 часот | 3.350 прикажувања |

Гледате до каде не донесоа? Не донесоа до тоа да се плашиме за менување/губење на идентитетот и јазикот за да не ни стане болно менувањето на името кое го договориле. Треба да бидеме среќни што не попуштиле за идентитетот! И да ги славиме. Дека биле мудри. Море мрш! Името е дел од идентитетот. Јазикот. Овој сеуште неосвоен дел од Македонија е единственото делче, парче кое е наше. И на сите други кои живеат тука. Парче кое е натопено со крв и идеали на чесни луѓе. И не смееме да го смениме. Ниту буква! Ниту запирка!

Немаме право на тоа. И за каков тоа референдум зборувате?!? За да го наместат? После сите ќе речат „сами си го сменивте”. Па има ли посрамно од тоа сам себе да се укинеш? Самозабраниш? И самото седнување на маса за разговор/преговор е срамно. Понижувачко.

Затоа доста е! Јас ја сакам Македонија! Сакај ја и Ти!

(фејсбук статус на Рубенс Муратовски)