
Посериозен пристап на инспекциските контроли, целосно воведување пополнета даночна пријава од УЈП до јануари 2019 година и подобар информатички систем за поефикасна наплата на даноците – најави министерот за финансии Тевдовски. Вели, граѓаните мора да сфатат колку е важно да се плаќаат даноците. Без тоа не можеме да ги развиваме столбовите на општеството, образованието и на здравството.
Реакцијата на првиот финансиер доаѓа откако Светска банка и препорача на земјава фискална консолидација, зголемување на приходите и ефикасно трошење на парите.
Една од клучните пораки на Светска банка е да се зголеми капацитетот на Фондот за пензиско осигурување, бидејќи се зголемуваат трансферите од Централниот буџет. Тевдовски вели – гарантираме навремена исплата.
Во меѓувреме, Македонија работи на хармонизирање на осигурителниот сектор согласно со европските стандарди и критериуми.
Проектот за синхронизирање на осигурителниот сектор спроведе со пари од Европската Унија.
извор: МРТ