Василевска: Ајде сите да го додадеме презимето македонска/македонски

2 февруари, 2018 | 15:10 часот | 3.219 прикажувања |

Професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Иванка Василевска, упати повик до сите на своето презиме да си го додадат презимето македонски/македонска. Нејзиниот предлог доаѓа како одговор на сè поинтензивните преговори за спорот за името, кои според најавите се ближат до нивниот крај.

„Непристојни предлози бараат пристоен одговор. Ајде сите да одиме во МВР и на нашето презиме да си го додадеме презимето македонска/ски. Ајде да видиме како функционира ефектот на пеперутката и како ќе нè преименуваат кога ние сите заедно како индивидуи ќе си го ставиме името и ќе си го браниме идентитетот. Ве повикувам сите да одвоите од своето време и да си го спасите своето достоинство!“, повика Василевска на „Фејсбук“.