Груевски одби да се изјасни за обвинението, Фетаи предложи психијатриско вештачење

2 февруари, 2018 | 14:59 часот | 1.083 прикажувања |

Екс премиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Кривичниот суд одби да каже дали се чувствува за виновен или не за случајот „Насилство во Центар“, и истакна дека најпрвин мора да го добие на писмено обвинителниот предлог кој сега по измените на Фетаи не го разбира.

Фетаи се понуди одново да му го прочита обвинителниот предлог и предложи ако е потребно да се направи и вештачење на обвинетите, пренесе Фокус.

Новото рочиште е закажано за 13-ти март.