
Пасошите се меѓународни документи. Ако има договор за модификација на името, тоа би било применливо на документите како пасошите.
Ова е одговорот на специјалниот посредник во разговорите за името на Македонија Метју Нимиц во ексклузивното интервју за емисијата 360° на ТВ Алсат М, запрашан дали меѓународната употреба на некое ново, договорено име, предвидува присуство на истото на пасошите и другите идентификациони документи кои се користат во меѓународната комуникација.
Во интервјуто Нимиц говори за најавата од Грција дека ќе предложи спогодба и дали тоа е во конфликт со неговата мисија, за одредницата за јазикот, за барањата за промена на Уставот и за тоа како ќе продолжи процесот за барање решение.
Целосното интервју премиерно ќе се емитува вечера со почеток од 22 часот и 30 минути.