Синот на Фидел Кастро пронајден мртов

2 февруари, 2018 | 9:16 часот | 564 прикажувања |

Најстариот син на поранешниот лидер на Куба Фидел Кастро бил пронајден мртов, пренесуваат кубанските државни медиуми, пренесувајќи дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Фидел Кастро Дијаз-Баларт јуниор (68) бил пронајден вчера, а како што се пренесува во извештаите на тамошните медиуми, тој веќе со години се борел со депресија, пренесува BBC.

Како што пренесува BBC, тој бил нуклеарен физичар кој се школувал во некогашниот Советски сојуз. Се до смртта, бил ангажиран како научен советник во кубанскиот државен Совет, а бил и потпретседател на кубанската академија на науки.

Бил познат и по тоа што ја водел кубанската нуклеарна програма од 1980 до 1992 година, пред таа програма да биде укината, после распаѓањето на СССР.