Шилегов: Грижата за животната средина е висок приоритет на градот Скопје и на мене како градоначалник

1 февруари, 2018 | 13:49 часот | 524 прикажувања |

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и Златан Икономов, технички директор воЈП „Водовод и канализација” – Скопје, денеска го потпишаа Договорот заспроведување на ИПА проектот „Подобрување на инфраструктурата за отпадниводи во градот Скопје“.
Грижата за здрав живот на сите граѓани не обврзува да вложуваме и да се
грижиме за животната средина. Отпадните води се предизвикувач на големо
загадување на водите и на целата животна средина. Испуштањето на отпадни води
во Реката Вардар, влијае на квалитетот на водата и живиот свет во неа. Со реализација на проектот ќе овозможиме заштита на реката од загадувањето преку затворање на неколку испусти на отпадни води што директно се излеваат во реката Вардар“ – изјави Шилегов.
Во своето обраќање тој посочи дека тоа ќе се постигне преку изградбата на колектори од двете страни на Вардар, во подрачјето на Градот Скопје, и претставува чекор напред во заложбите на Градот, водите на реката Вардар да ја добијат природната боја, а степенот на чистота на реката да се подигне на највисоко можно ниво.

Проектот, за чијашто реализација ќе се потрошат над 10 милиони евра, ќе се финансира од средствата на ЕУ и од буџетот на Република Македонија.