Се очекува Путин да освои околу 70 насто од гласовите

1 февруари, 2018 | 13:38 часот | 595 прикажувања |

Околу 71 насто од Русите изјавиле дека цврсто се решени да гласаат на претстојните претседателски избори и околу 70 проценти од нив ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин.

Следен по популарност е Павел Грудинин, кандидатот на руската Комунистичка партија. Тој ја има поддршката на 7,2 отсто од испитаниците.

Од декември досега се зголеми процентот на луѓето кои планираат да гласаат.

Вкупно 10 проценти од испитаниците изјавиле дека се подготвени да отидат до избирачките места, а само три проценти се сигурни дека нема да гласаат и уште толку рекле дека „веројатно нема да гласаат“.