Генимата: Не постојат политички предуслови за консензус околу името

1 февруари, 2018 | 13:30 часот | 476 прикажувања |

Генимата ја обвинува грчката влада за тајно дејствување и уште еднаш повторува дека е потребно да се свика лидерска средба со претседателот на државата.

Каква спогодба подготвува Владата, кога не постојат политички предуслови за консензус околу името, запраша претседателката на ПАСОК и лидер на Движење за промена, Фофи Генимата, во писмената изјава до медиумите.

Генимата ја обвинува грчката влада за тајно дејствување и уште еднаш повторува дека е потребно да се свика лидерска средба со претседателот на државата. „Тоа што се одлучува тајно, не е национална линија и не им служи на националните интереси“- смета Генимата.