
За една недела 1.085 новозаболени лица од грип. Најголем број, 699 пријавени, се на возраст од 15 до 64 години и се од подрачјето на Гостивар, информираат од Институтот за јавно здравје.
Во однос на минатата сезона, има намалување на бројот на заболени за 4 насто. Лани во истиот период биле регистрирани 1.919 случаи.
Вакцинацијата против сезонски грип е завршена. На располагање во јавните здравствени установи, имаше 28 илјади дози на вакцина, велат од Јавно здравје.
Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години.