Дескоска одржа средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Мужниекс

1 февруари, 2018 | 13:17 часот | 406 прикажувања |

Денеска, во Министерството за образование и наука, министерката Дескоска оствари средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс.
На средбата, беа дискутирани клучните предизвици во образованието 2018-2025, во поглед на почитувањето на човековите права, но и во однос на почитувањето наразличностите или подобрување на меѓуетничката интеграција вопредучилишното, основното и средното образование.

Се разговарало и за унапредување на меѓуетничката интеграција во училиштата како место каде учениците треба да се воспитуваат во духот на толеранцијата, мултикултурализмот и соживотот.