Бесплатниот превоз за скопјани се укинува вечерва во 20 часот

1 февруари, 2018 | 11:39 часот | 439 прикажувања |

Бесплатниот јавен превоз кој беше воведен како мерки против загадувањето на воздухот во вторникот (30 јануари) се укинува, соопштија од Град Скопје.

„Ги известуваме граѓаните дека веднаш се укинуваат вонредните мерки против загадувањето на воздухот.

Но, за да им се овозможи на граѓаните бесплатно да се вратат дома, оние кои на своите работни места пристигнале со автобус, дури вечер во 20ч ќе се укине бесплатниот јавен превоз“.