ДПМ ќе ги соопшти добитниците на петте годишни награди за 2017 година

1 февруари, 2018 | 10:18 часот | 412 прикажувања |

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни книжевни дела во 2017 година.

ДПМ доделува пет годишни награди: „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Книжевен мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

На конкурсот на ДПМ пристигнаа 76 дела од сите жанрови. Одлуките за најуспешните остварувања ги донесоа жири-комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, научни работници, критичари и есеисти.

Денеска ќе бидат соопштени добитниците на наградите, а ќе им бидат врачени на 13 февруари, на свеченост по повод 71 година од основањето на македонската писателска асоцијација.