Грчки медиуми: Предлогот е Република Горнамакедонија

1 февруари, 2018 | 10:12 часот | 2.984 прикажувања |

Шефот на грчката дипломатија, на средбата со медијаторот, Метју Нимиц, го предложил името „Република Горнамакедонија“, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми.

Наводно овој предлог, кој го вклучува терминот „македонија“, со мала буква, Нимиц денеска ќе му го соопшти на македонскиот државен врв.

По завршувањето на состаноците во Грција, специјалниот посредник на ООН денеска во Македонија ќе се сретне со претседателот, Ѓорѓе Иванов, премиерот, Зоран Заев, како и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

фото: МИА