Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нил Мужниекс на средба со Џафери

1 февруари, 2018 | 9:13 часот | 561 прикажувања |

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нил Мужниекс, кој е во посета на Македонија, денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Мужниекс потоа ќе има заеднички состанок со членовите на Делегацијата на Собранието на Република Македонија при ПССЕ, на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и со пратениците Самка Ибраимоски и Амди Бајрам.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа вчера имаше средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.