Нимиц денеска на средби со Иванов, Заев и Димитров

1 февруари, 2018 | 8:59 часот | 499 прикажувања |

Посредникот во разговорите за спорот со името Метју Нимиц денеска во Скопје, ќе оствари средба со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претсетдателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

По средбата со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас, Нимиц изјави дека постои моментум и оти е време за носење одлуки.

Вчера патриотските здруженија протестираа Нимиц да си оди од Македонија и да ги повлече како што велат, срамните предлози.