ВИДЕО: Стаорец кој се тушира како човек, нова интернет сензација

31 јануари, 2018 | 18:15 часот | 680 прикажувања |

Интернетот има нова ѕвезда, перуански стаорец кој се тушира како човек ги полуде социјалните мрежи.

Видеото настанало во Перу, а истото го снимал диџеј Хозе Кореа кој опишал што се случувало додека стаорецот се бањал во мијалникот.

„Стоеше како човек, не можев да верувам. Така беше околу 30 секунди, а потоа избега. Мислам дека само сакаше добро да се избања. Никогаш не би го повредил, па го снимав и пуштив да замине“, вели Хозе за светските медиуми.