Мекдондалдс ќе отвора уште илјада нови ресторани, во Македонија нема ниту еден

31 јануари, 2018 | 12:57 часот | 1.096 прикажувања |

Американскиот синџир ресторани за брза храна „Мекдоналд“ најави дека ќе инвестира околу 2,4 милијарди американски долари за отворање нови ресторани во светот оваа година.

„Оваа година планираме да инвестираме околу 2,4 милијарди долари, од кои најголем дел ќе бидат наменети за реинвестирање во постојните локации. Нашиот развоен план подразбира и отворање илјада нови ресторани“, рекол финансискиот директор на „Мекдоналдс, Кевин Озан.

Компанијата во последниот квартал од минатата година оствари приход од 5,35 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите што прогнозираа приход од 5,26 милијарди долари.

Во Македонија синџирот за брза храна ги затвори своите пет ресторани во мај 2013 година, поради необновување на лиценцата за нашата земја.