Дац си поднел оставка како директор на МНТ

31 јануари, 2018 | 12:49 часот | 382 прикажувања |

Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац – напиша министерот за култура Роберт Алаѓозовски на својот фејсбук профил.

Директорот на МНТ и актер, Драган Спасов – Дац вчера возел во пијана состојба и удрил во девојка која поминала со полесни повреди. Настанот го потврдија и од МВР.

„Владата смета дека секој мора да поднесе одговорност согласно законите. Лице што сторило ваков тежок прекршок и довело во опасност друга личност, за среќа без сериозни последици по нејзиниот живот, не може да раководи со институција и да извршува јавна функција“, соопшти денеска портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски.