Полицаец до бесознание ја претепал сопругата

31 јануари, 2018 | 12:46 часот | 437 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден полицискиот службеник В.Т. во својот дом во Куманово околу 20 часот и 30 минути под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал.

Како што информираат од МВР, од нападот жената паднала во бессознание. В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. За настанот веднаш бил известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.