Обилните дождови ја поматија водата за пиење во Струга

17 ноември, 2017 | 12:43 часот | 345 прикажувања |

При континуираното следење на квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга, од страна на Центарот за јавно здравје Охрид е констатирана матноста на водата за пиење поголема од дозволената.

Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје Охрид истакна дека се дадени информации до соодветните инспекциски служби дека водата во Струга не е безбедна за пиење, a веќе се преземаат и мерки за нејзино прочистување.

Истовремено се јавија и од МЈП Проаква Струга од каде ги информираат стружани дека се преземаат сите активности за надминување на оваа состојба преку чистење на мрежата и преку испуштање вода од хидранти, исто така зголемено е и хлорирањето на водата. МЈП Проаква ги замолува граѓаните за разбирање.