Откриен идентитетот на лицето кое го застрела Мартин Јанушев

17 ноември, 2017 | 12:35 часот | 140 прикажувања |

Министерството за внатрешни работи го идентификувало убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев и распиша потерница по него.

Информацијата денеска ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот“, рече Спасовски.

Тој посочи дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата Владимир Комаров во скопски Аеродром.