Столтенберг: Македонија ќе добие покана за НАТО откако ќе го реши спорот со името

31 јануари, 2018 | 10:05 часот | 633 прикажувања |

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

Тој, говорејќи за безбедносната состојба во светот и на Балканот, се осврнува и на неговата посета на Скопје и на аспирациите за членството во НАТО.

Тој вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.