Пратенички прашања без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

31 јануари, 2018 | 10:04 часот | 466 прикажувања |

Денеска во Собранието ќе се одржи седница за пратенички прашања која требаше да се одржи на 25 јануари. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на денешната седница.

Седницата е одложена за денеска поради  учеството на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос.