Директорот на МНТ со возило удрил во 27-годишна девојка

30 јануари, 2018 | 23:47 часот | 516 прикажувања |

Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, вечерва на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, се дознава од упатени извори, пренесе Плусинфо.

Засега се знаат иницијалите на повредената девојка – Е.Ц.

Девојката веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увидот на местото на настанот сѐ уште е во тек.

Нема потврда за шпекулациите дека Дац бил под дејство на алкохол.