Владата го разреши Александар Донев од директорската функција на Агенцијата за туризам

30 јануари, 2018 | 20:22 часот | 1.158 прикажувања |

Владата на Република Македонија на денешната седница го разреши директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев.

Тој беше во центрот на вниманието на јавноста откако леташе со бизнис класа за неговата работна посета во Аргентина, при што платил околу 4.000 евра.

Донев вети дека ќе ги врати парите што ги потрошил на патувањето, но сѐ уште тоа го нема сторено. Како што рече, парите ќе ги донира за проект на министерството за труд и социјална политика за соба за деца со посебни потреби.