Почина најстариот човек на светот

30 јануари, 2018 | 20:17 часот | 648 прикажувања |

Шпанецот Франциско Нунез Оливера, кој се смета за најстар човек на светот, почина денеска на 113-годишна возраст.

Тој живееше во неговата родна Бенвенида, во автономниот регион Естремадура. Бил роден на 13 декември 1904 година и имал 10 години кога избувнала Првата светска војна.

Нунез има четири деца, девет внуци и 15 правнуци. Неговата сопруга почина во 1988 година.