Не платиле карта во ЈСП и физички го нападнале контролорот

30 јануари, 2018 | 14:49 часот | 514 прикажувања |

Вчера околу 13 часот во автобус бр.67, кој се движел на релација Зелениково-Транспортен Центар, на влез на село Драчево, С.Н. (53), вработен како контролор во Јавното сообраќајно претпријатие, бил физички нападнат од страна на лицата С.М.(22) и И.М.(26).

Причина за физичкиот напад било претходна расправија за неплаќање на карти за превоз.

Физичкиот напад е расчистен и против лицата ќе биде поднесена прекршочна пријава од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.