Џафери не знае кога Собранието повторно ќе го разгледува Законот за јазици

30 јануари, 2018 | 14:46 часот | 528 прикажувања |

Спикерот Талат Џафери не знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици. На брифинг со новинарите кажа дека досега се преведени половина од амандманите поднесени од ВМРО- ДПМНЕ. Се надева на политички договор меѓу партиите и повлекување на амандманите за кои рече дека имаат само политичка цел да се блокира законот, пренесе МРТ.

За него не е исто кога читал поезија и молчел на собраниска комисија, бидејќи смета дека Собранието го донело Законот за јазици, а тој e вратен е само на доработка.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека дека Законот ниту е донесен ниту некој може да спречи амандманска расправа бидејќи тоа би значело уривање на демократијата. Поднесовме амандмани за да ја развиеме свеста кај власта, оти за Законот за јазици е потребен општествен, а не политички консензус.

ВМРО- ДПМНЕ поднесе 35 илјади амандамни за Законот за јазици. Законот се врати во собраниска процедура откако претседателот Иванов не го попитшан указот за негово прогласување.

извор: МРТ