Жан Зимбаков нов директор на Клиниката за кардиологија

30 јануари, 2018 | 14:23 часот | 580 прикажувања |

Доктор Жан Зимбаков најверојатно ќе биде новиот директор на скопската Клиника за кардиологија, објави„Фокус“.

Неговото име најмногу се врти во лекарските кругови, а тој доаѓа на местото на поранешниот директор доктор Беким Поцеста, кој доаѓаше од редовите на Алијансата за Албанците, кои беа коалициони партнери во владата со СДСМ.

По одлуката да ја напуштат владината коалиција, сите нивни директори си поднесоа оставки.