Божиновски: Aко на законот за јазиците му се стави европско знаменце тогаш на секој друг закон ќе може да се направи истото

30 јануари, 2018 | 10:27 часот | 3.802 прикажувања |

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во емисијата Тренд Анализа на  24 Телевизија потенцираше дека ако на законот за јазиците му се стави европско знаменце тогаш на секој друг закон ќе може да се направи истото, иако европско знаменце треба да има закон каде исклучиво се усвојува европска регулатива.

„Не се дозволи дебата ниту во матичната комисија. Имаше многу процедурални грешки и проблеми кои што се појавија“ изјави политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

„Со овој закон се поставени драконски казни од 4 до 5.000 евра за негово неприменување, додека за неприменување на македонскиот јазик никому ништо. Овде ќе има посебно цело тело кое ќе надгледува, додека за употребата на македонскиот јазик нема ништо. Законот се спори затоа што ДУИ не дозволи ниту една запирка да се смени во тој нивниот почетен предлог.“ рече Божиновски.

Божиновски додаде дека и  Хан и францускиот  амбасадор со дипломатски речник кажаа да се повлече законот, да се дискутира и да се направи добро решение прифатливо за сите.

Тој нагласи дека со 35.000 амандмани не е блокирано Собранието, туку законот за јазици.