Осум сообраќајни незгоди, 45 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената

30 јануари, 2018 | 10:05 часот | 361 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден, се случиле осум сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и пет со материјална штета. Од преземаните мерки и активности констатирано е дека 45 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучени се девет возачи бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и седум возачи бидејќи го управувале своето возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Во текот на изминатиот ден биле издадени и 75 мандатни платни налози за не прописно паркирање и седум пешаци биле санкционирани поради непочитување на правилата за сообраќај