Сончево и невообичаено топло време со температура до 18 степени

30 јануари, 2018 | 9:39 часот | 389 прикажувања |

Времето денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината, ќе дува слаб до умерен северoзападен ветер. Температурата ќе се движи од девет до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со температура до 13 Целзиусови степени.

Топлото време ќе се задржи до четврток кога облачноста ќе се зголеми, а услови за врнежи ќе има само во крајните западни подрачја.