Расправата по Законот за употреба на јазиците во трето читање е одложена

30 јануари, 2018 | 9:27 часот | 517 прикажувања |

Претседателот на Собранието Талат Џафери на вчерашната 32. седница ја одложи расправата по Законот за употреба на јазиците во трето читање, која беше осма точка и посочи дека расправата по оваа точка ќе продолжи откако ќе бидат исполнети условите за тоа.

– Обработката на сите амандмани (35.569), не се довршени. Имајќи предвид деловничката обврска да се преведат формални услови за отворање претрес по оваа точка не се исполнети. Затоа преминуваме на наредна точка, рече Џафери.

Претходно, пратениците имаа жестока дебата околу утврдувањето на дневниот ред на седницата.