Груевски и Јанкуловска на судење за случајот „Тенк“

30 јануари, 2018 | 9:20 часот | 565 прикажувања |

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска треба да се појави во Кривичниот суд на првото рочиште за набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра, во случајот што СЈО го отвори под името„Тенк”

Обвинета во овој случај е и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според истрагата на СЈО, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес”, модел „С-600 гард”, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес”.

Предметот и е доделен на Добрила Кацарска.