Солза Грчева: Тешко на нормалните во ова наше лудило

29 јануари, 2018 | 23:49 часот | 3.988 прикажувања |

Се расфрлуваат Фрчко, Андов, Поповски, куп екс дипломати, гребатори за функции за едно местенце овде-онде, на дебати, по портали, на телевизии и каде не, со предлози како владата да го надитри сопствениот народ, па без никаков национален консензус да ни го смени името. Се силат да нема ниту референдум (кој пак ќе го наместат консензуално, тоа на секој му е јасно), ниту Собрание, туку Влада. Ги храбри Фрчко дека дури немало ни да изгубат политички рејтинг, туку напротив. Што по него е најважно, разбира се. А на преварантите што бутаат закони со ЕУ знаменце, не им ни треба многу да ги храбриш. За измами се царови. Се тркаат и позиција и опозиција да ја фалат “добрата, најповолна“ клима за решавање, сега или никогаш. Се отепаа од колнење кон тато НАТО. Ова се нарекува минирање на сопствената позиција.“ Олеснителна“ околност им е што Заев им го отвори патот, па лупна на сред Грција дека немал црвени линии.

Ваква збирка на некадарници ни се креатори на јавното мислење и уште пострашно советници. Глупаци со тапија. Алчни до бесвест.

Грците, не гледаат како мува под чаша и се смеат. Со сериозна дипломатија за каква нашиве брбушки не чуле, за јавноста затегаат колку што можат, прават антички драми. па не даваат ни зборот Македонија да сме го имале, ќе растурале коалиција, и згора на се, навистина протестираат на грандиозни протести.

Тешко на нормалните во ова наше лудило.

(фејсбук статус на Солза Грчева)