Премиерот Заев на чело на новото тело за реформи во судството

29 јануари, 2018 | 17:20 часот | 671 прикажувања |

До крајот на неделава се очекува да биде формирано новото тело за реформи во правосудството на чие чело ќе застане премиерот Зоран Заев. Покрај Заев, во овој совет ќе влезат и првите луѓе на Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд, Јавниот обвинител Љубомир Јовески и специјалната обвинителка Катица Јанева. Овој правен совет ќе треба да ја реализира веќе донесената стратегија за реформи од претходниот состав кој го формираше Министерството за правда, пренесе ТВ Сител.

„Тоа тело не треба да биде преобемно, треба да има сериозен импакт, да ги убрза процесите и да биде консултативно тело на практичарите кои ќе ги изготвуваат законските решенија, и оние кои ќе се носат со 2/3 мнозинство и оние за кои е потребно просто мнозинство. Главната цел ни е да можеме да ги релизираме реформите“, вели премиерот Зоран Заев.

Основањето на Советот за реформи во правосудството е дел од Планот 3-6-9. Претходниот совет кој беше составен од 22-ца члена во најголем дел надоврешни експерти, претпре многу критики, а самите членови го нарекоа и декор на Министерството за правда и Владата. Непосредно пред неговото распуштање, оставки поднесоа универзитетските професори Мирјана Најчевска и Гордан Калајџиев кои тврдеа дека совето не ја врши работата за која е формиран, а нивните сугестии воопшто не биле земени во предвид при носењетото одлуките.

извор: ТВ Сител