
На прес конференција во Собранието на Република Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека за Законот за јазиците не биле спроведени консултации со стручната јавност, ниту со здруженијата на помалите етнички заедници. Според него, на законот е ставено европско знаме, со цел да се ограничи дискусијата.
„Целта ни е законот да се закочи во одредена фаза, за да се вклучат сите фактори во донесувањето. Се плашиме дека законот ќе генерира кризи во иднина. СДСМ и ДУИ имаат простор да си ги проверат и преиспитаат решенијата за законот, а тоа може да го направат со партиите, експертите, факултетите“, посочи Димовски.
Присуството на опозицијата во Собранието е поврзано само со Законот за јазиците, нагласи Димовски.