Град Скопје: Подмирете го данокот за имот за 2016 година

29 јануари, 2018 | 16:07 часот | 506 прикажувања |

Од Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги информираат сите правни и физички лица, кои имаат заостаната обврска, неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја намират својата обврска.

„Законот за даноците ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната, даночната обврска не е намирена, да спроведат постапка за присилна наплата на данокот на имот како за правните така и за физичките лица“, посочуваат од Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, ги потсетуваат обврзниците уште еднаш да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја намират.