Се вработил како професионален војник, а имал лажна диплома

29 јануари, 2018 | 15:57 часот | 1.131 прикажувања |

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот П.П.од село Сушево, Струмица поради „фалсификување на исправа“.

Тој во Министерство за одбрана при склучување на Договор за работа, како професионален војник во Армијата на РМ, употребил фалсификувана Диплома за завршено средно образование од СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје, која што потоа ја употребил во уште четири наврати.