Во Скопје запалени две возила

29 јануари, 2018 | 15:54 часот | 492 прикажувања |

Од Бригада за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека вчера околу 4,15 часот, на улицата „Милан Марковиќ“ интервенирале на опожарено возило „Шкода Кодијак“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ј.А. од Скопје и делумно опожарено возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Т.О. од село Богданци.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е целосно изгаснат.

Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.