Прифатено обвинението за случајот „ТНТ“

17 ноември, 2017 | 11:31 часот | 126 прикажувања |

Советот за оценка на обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд го прифати обвинението за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на уривањето на „Космос“. Предметот ќе биде распореден на судија за натамошно постапување, кој треба да закаже термин за одржување на главна расправа за „ТНТ“

Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори во „ТНТ“ можат да се користат како докази во судската постапка.

Во април 2016 година беше отворен случајот за незаконското уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет осомничени се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како и уште четири други лица.