Нимиц денеска и утре во Атина, од среда во Скопје

29 јануари, 2018 | 9:49 часот | 903 прикажувања |

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска и утре ќе биде во Атина и ќе ги продолжи разговорите со државниот врв на Грција за неговиот иницијален пакет за решение на проблемот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

На средбите во Скопје, Нимиц ќе информира за заклучоците од средбите во Атина.