Законот за јазици повторно во Собрание

29 јануари, 2018 | 9:32 часот | 422 прикажувања |

Денеска во 11 часот  Парламентот треба да ја почне 32-та седница на која на дневен ред ќе се најде Законот за употреба на јазиците во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик а кој беше вратен од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања.

Иванов до македонското Собрание достави писмо со укажувања во кое јасно се наведени кои делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците се спротивни и го кршат Уставот на Република Македонија.

За законот се поднесени и рекордни над 32.000 амандмани од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Толкав број амандмани досега не се поднесени за ниту еден закон во Собранието.