Сообраќајна несреќа утринава во Тетово

28 јануари, 2018 | 15:34 часот | 580 прикажувања |

Денеска околу  09.00 часот на автопатот Скопје – Тетово се случила сообраќајна незгода во која И.Р (22) од Скопје управувајќи возило „Форд Ескорт“  со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна. Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлен во болница во Тетово.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.