Мицкоски: Остануваме на браникот на заштита на националните интереси

27 јануари, 2018 | 23:58 часот | 616 прикажувања |

Одговорноста за процесот на разговори за спорот со името од овој момент е во рацете на Владата, а ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните интереси. Ова е ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по денешната координативна средба во Клубот на пратениците.

„Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. ВМРО ДПМНЕ е силен поддржувач на евроатланските интеграции и останува на браникот на заштита на државните и националните интереси“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа средба требало да се случи порано, а отсега па натаму одговорноста за процесот е на Владата.

И Мицкоски како и останатите лидери не откри детали од петчасовниот разговор, за да не го наруши преговарачкиот процес со Грција.