За Ахмети состанокот околу прашањето со името бил еден од најплодните

27 јануари, 2018 | 23:31 часот | 1.142 прикажувања |

Координацијата на македонскиот државно-политички врв која се одвиваше во Клубот на пратеници во Собранието заврши по пет часа.

Во изјава за медиумите, претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека состанокот бил еден од најплодните за ова прашање.

„Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. Го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија. Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност“, посочи Ахмети.

Лидерот на ДУИ не соопшти детали за одржаната средба, за, како што рече, да не го наруши самиот процес.